ФОТО: Првата дама Елизабета Ѓоргиевска воодушеви со својот моден избор на отварањето на фестивалот „Охридско лето“

Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Facebook

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска повторно воодушеви со својот моден избор на отварањето на фестивалот „Охридско лето“.

Вчера нашата прва дама во придружба на претседателот Стево Пендаровски, присуствуваа на отварањето на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Facebook

Сопругата на претседателот воодушевува секогаш кога и да се појави во јавноста со нејзините модни комбинации. Нејзината едноставна софистицираност е вистински пример за тоа како теба да изгледа една дама.

Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Facebook

Така и овојпат, за оваа свечена пригода каква што е отварање на реномираниот фестивал е од огромно културолошко значење за нашата земја и кој традиционално се одржува во Античкиот театар во Охрид, македонската прва дама блесна во долг елегантен фустан во темно зелена и црна боја во комбинација со едноставен накит и минимална шминка.

Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Facebook

Претседателот како покровител, одржа говор прогласувајќи го фестивалот „Охридско лето“ за отворен. А неговиот говор и повеќе фотографии од настанот можете да најдете овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот