ФОТО | Прва фотографија со ќерката: Тато Јаков е спремен со голема торба за новата улога

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Минатата година се ожени актерот, Драган Спасов – Дац, а по неколку месеци и неговиот син актерот Јаков Спасов. Дац си доби уште една ќерка, снаата Софија која пред неколку дена  на свет ја донесе ќерката Гаиа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)


Дедо Дац и посака добредојде на својата внука со емотивна објава на социјалните мрежи, додека инстаграм – профилот на неговиот син Јаков беше преплавен со честитки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jakov Spasov (@jakovfuckoff)

Сопругата на Јаков, Софија Спасов која по професија е по професија графички, „UI/UX“ дизајнер на својот инстаграм – профил ја сподели првата фотографија со ќеркичката.

„Не постои поголема среќа. Фала Ви на сите за искрените желби“ – напиша Софија на фотографијата на која ја држи во прегратка ќерката Гаиа.

Само неколку недели пред породувањето семејството и пријателите на Софија организираа забава за идната мајка со многу балони и персонализирани колачиња за името на бебето. Гаиа е прво дете на двојката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

Вчера на социјалните мрежи, Софија сподели фотографија како Гаиа ужива во прегратките на тато Јаков. Интересен момент на фотографијата е натписот на ранецот на актерот. Мајките се познати секогаш дека носат големи чанки во кои треба да ги соберат сите неопходни работи за бебето, но Јаков покажа дека и татковската торба треба да биде секогаш подготвена.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Како потсетување, Јаков и Софија направија свадба во мај минатата година. Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан каде присуствуваа голем број личности од јавниот живот.

„Добредојде Гаиа“: Дац стана дедо и ѝ посвети емотивна песничка на внуката

„Не постои поголема среќа“: Снаата на Дац ја објави првата фотографија со ќерката Гаиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот