„Добредојде Гаиа“: Дац стана дедо и ѝ посвети емотивна песничка на внуката

Фото: Инстаграм/Јаков Спасов

Македонскиот актер Драган Спасов – Дац ја сподели среќната вест дека станал дедо. Имено, син му Јаков Спасов и неговата сопруга Софија станаа родители на ќерката Гаиа, која е прво дете на двојката.

По тој повод, Дац напиша емотивна објава на Фејсбук ѝ посвети песничка на својата внука.

„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна… така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.

Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

Добредојде на планетава внуко моја Гаиа!
И сакам да знаеш дека…
Ќе ти ја сакам косата,
убавото носе и насмевката.
Ќе ти ги сакам очите,
и веѓите и трепавиците.
Ќе ти го сакам грлото,
и плачот и гласот.
Ќе ти ги сакам прстињата,
и рачињата и ноџињата
Ќе ти сакам се’
а најмногу добрината!
Твојот дедо Дац“, напиша актерот на Фејсбук.

Како потсетување, Јаков и Софија направија свадба во мај минатата година. Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан со добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување.

Искрени честитки!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

Повеќе вести за Драган Спасов – Дац:

Дац и Александар: Интимна, кабаретска приказна посветена на жените

Интервју со Дац и Александар: Имаме букет од љубовни песни за лежерна атмосфера на 8 Mарт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот