„Не постои поголема среќа“: Снаата на Дац ја објави првата фотографија со ќерката Гаиа

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Минатата година се ожени актерот, Драган Спасов – Дац, а по неколку месеци и неговиот син актерот Јаков Спасов. Дац си доби уште една ќерка, снаата Софија која вчера на свет ја донесе ќерката Гаиа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

Дедо Дац и посака добредојде на својата внука со емотивна објава на социјалните мрежи, додека инстаграм – профилот на неговиот син Јаков беше преплавен со честитки.

Сопругата на Јаков, Софија Спасов која по професија е по професија графички, „UI/UX“ дизајнер на својот инстаграм – профил ја сподели првата фотографија со ќеркичката.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Не постои поголема среќа. Фала Ви на сите за искрените желби“ – напиша Софија на фотографијата на која ја држи во прегратка ќерката Гаиа.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Само неколку недели пред породувањето семејството и пријателите на Софија организираа забава за идната мајка со многу балони и персонализирани колачиња за името на бебето. Гаиа е прво дете на двојката.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Како потсетување, Јаков и Софија направија свадба во мај минатата година. Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан каде присуствуваа голем број личности од јавниот живот.

„Добредојде Гаиа“: Дац стана дедо и ѝ посвети емотивна песничка на внуката

ФОТО+ВИДЕО | Се ожени синот на Драган Спасов Дац: Уникатен брачен пар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот