ФОТО: Претседателот Пендаровски и неговата сопруга дел од Парадата на гордоста

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета присуствуваат на  втората Парада на гордоста која се одржува под мотото „Вон ѕидовите“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

И Министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин денеска се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на Парадата на гордоста.

Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

 

Парадата започна од паркот кај „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот