Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Празнична идила со Вања и Веда: Марко Новески сподели новогодишна фотосесија со близначињата

Нашиот водител Марко Новески, познат како „Дај побрзај“ кој пред речиси две години стана татко на близнаците Вања и Веда, ја разнежни јавноста со последната објава на својот инстаграм-профил.

Имено, Марко и сопругата Цена споделија новогодишна фотосесија од малечките Вања и Веда со која ги честитаа празниците.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На фотографиите може да ја забележиме како близнаците позираат во топлата, бајковита новогодишна атмосфера, исполнета со светилки и венци.

Нежните моменти меѓу братчето и сестричката побудија позитивни реакции кај нивните следбеници.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот