ФОТО | Познат сценарист ја исмеа смртта на Метју Пери и ги згрози сите: Сакам кога ќе умре наркоман

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Твитер

Поранешниот сценарист на „СНЛ“ (SNL), Кевин Бренан, ја исмеа смртта на актерот Метју Пери, објавувајќи морничава порака на „Икс“ (поранешен Твитер).

„Удавен во топла када. Хахахахаха“, напиша тој на Твитер за смртта на Метју Пери.

Откако предизвика лавина негативни реакции, тој повторно излезе и на срамен начин ја коментираше својата изјава.

„Поранешниот сценарист и комичар на SNL, Кевин Бренан се потсмева со смртта на Метју Пери“, беше еден од коментарите, на што тој одговори: „Дали сум во тренд?“.

Бруталните и апсолутно неприфатливи коментари на Бренан продолжија сѐ додека тој во неделата не изјави: „Не се потсмевав со тоа. Само мислев дека е смешно. Но, сакам кога умираат зависниците од дрога“.

На прашањето зошто давењето во топла када му е смешно (Метју Пери беше пронајден мртов во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес во саботата навечер. Тој беше прогласен за мртов на местото на настанот), тој одговори: „Затоа што не е многу длабоко“.

Огромен број луѓе оправдано го критикуваат, а еден од насловите што ги испровоцира гласи: „Сценарист осуден за суров твит во кој ја исмева смртта на Метју Пери“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот