ФОТО: Пожарникарите протестираат пред Град Скопје

Фото: Слободен печат

Протестот на пожарникарите продолжи пред седиштето на Град Скопје. Градоначалникот Шилегов излезе и ни рече дека ќе ни даде писмена изјава, дека не може да ни ги реши проблемите, рече еден од присутните на протестот.

Фото: Слободен печат

Тој нагласи дека ќе продолжат да протестираат додека не се реши проблемот. Доколку Град Скопје не може да го реши нашиот проблем, протест ќе продолжи пред Влада.

ВИДЕО: Не се најде решение за проблемот на пожарникарите

Скопските пожарникари вчера одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

Фото: Слободен печат

Ви плаќам сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден, рече градоначалникот Шилегов, што наиде на револт на пожарникарите, кои се пожалија дека платата што ја добиваат од 19.000 денари е понижувачка за функцијата што ја работат.

Фото: Слободен печат

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, кој говореше за проблемот на пожарникарите.

ФОТО+ВИДЕО | Шилегов се искара со пожарникарите: Ако си заминете ќе примиме нови!

Симоновски изјави дека овој проблем не од пред година и пол туку од 2014 година, каде што со законско решение е донесено 20 отсто додаток за ризик и опасност при работа на основниот дел од плата.

ВИДЕО | Симоновски за штрајкот: Треба да изнајдеме добро решение и за пожарникарите и за градот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот