ФОТО | Повторно редици во факултетите: Големи гужви за упис и заверка на семестар во пандемиски услови

Фото: Фејсбук

Како и во првиот уписен рок кој помина во пандемиски услови, слични гужви, турканици и редици одново се забележани на факултетите при УКИМ во Скопје.

Ова искуство го сподели студентот Стефан Петровски, кој за овој проблем ја контактираше редакцијата на „Слободен печат“, а на својот Фејсбук профил објави и фотографии од редиците студенти кои чекаат за упис и заверка на семестар.

„Не знам како и зошто ова е дозволено пак да се случува. Претходниот уписен рок имав иста ваква објава која заврши до медиумите и доби силна реакција од јавноста и студентите за непрофесионалното и загрозувачкото однесување на УКИМ. Минатиот уписен рок на тапет беше ставен Филолошки факултет бидејќи од повеќето факултети на УКИМ, беше меѓу единствените кои имаа вакво редење како за во банка, и традицијата еве продолжува пак“, напиша Петровски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Тој вели дека по неговата реакција за време на првиот уписен рок, надлежните во УКИМ реагирале со тоа што документите на студентите рачно се оставале во папки, по што студентите биле контактирани од матичниот референт за тоа дали е се во ред со нивните податоци, но потенцира дека сега одново се случуваат непотребни турканици во време на пандемија.

Фото: Фејсбук/Принтскрин

„Од името на студените мислам дека можам само да прашам дали овој пат немаше слободни картонски кутии и папки за документите. Бидејќи сепак нели не се компјутери во прашање и делува доста традиционално и средновековно — како што е и сѐ друго на УКИМ“, додава разочараниот студент.

Студентите се „гужваат“ на факултетите за упис на семестар: Не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот