Студентите се „гужваат“ на факултетите за упис на семестар: Не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 (ФОТО)

Состојба слична како пред пандемијата денеска е забележана на факултети на УКИМ во Скопје, каде за упис на семестар студентите повторно ги пречекаа стандардните гужви и турканици пред студентски прашања. 

Вакво искуство денеска на Фејсбук сподели студентот Стефан Петровски, а од фотографиите може да се види дека не се почитува мерката за социјална дистанца, односно дека нема никаков протокол за упис на семестар на студентите.

„Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стварно сте дното на високото образование во Македонија. Не сфаќам како во вакви времиња, студентите си ги третирате без никаква почит и помош. Битно бирократијата на уплатници, индекси, потписи, и формулари за заверки се запазени, па ние ќе си чекаме ред цел ден. И тоа под ризик! Како што гледаме сите, не само што не се носат маски правилно, туку и дистанца не може да се воспостави. Ова укажува и на успехот кој комбинираниот или строго-физичкиот метод на настава ќе го има.Наједноставно е решението да се остават документите кои толку многу ги сакате, па да им се јавите на сите тие студенти кои имаат грешки во тоа што го доставиле. Но зошто да ни биде нам лесно или тешко кога за време КОВИД-19 може да направите да ни биде уште потешко“, пишува револтиран студент на својот Фејбук профил. 

Нешто пандемија ко да имавме? ?Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стварно сте дното на високото образование во…

Publiée par Stefan Petrovski sur Mardi 29 septembre 2020

Слична ситуација и пред банките 

Покрај на факултетите, денеска големи гужви се забележани и пред неколку банки во Скопје, каде исто така се гледа дека не се почитуваат мерките за дистанца.

Редици студенти чекаат ред и пред неколку банки во Скопје, а најголема фреквенција е забележана пред НЛБ банка. 

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот