Фото: Фејсбук/„ВБУ Воскресение“

ФОТО | Посебна заедничка приказна ги поврзува Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски

Ретка заедничка слика од Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски се појави на социјалните мрежи, со посебна приказна.

Станува збор за насловна страница на списанието „Екран“ од 1974 година, која овековечува едни од најпознатите музички имиња на тогашната југословенска сцена.

Токму 1974 година била посебна за Маја и за Драган, зашто ја снимиле заедничката песна „Ајде да си легнеме“.

На фотографијата, Маја и Драган се во свечено издание. Маја Оџаклиевска блеска во едноставен, но впечатлив светол фустан, додека Драган Мијалковски носи класичен смокинг со машна – стил кој бил неизбежен симбол на сценски гламур во 1970-тите години.

Оваа насловна, која ја објави фејсбук-страницата „ВБУ Воскресение“, е спомен на времето кога двајцата пејачи биле во екот на најголемата популарност.


Инаку, Маја Оџаклиевска (71) својот живот му го посвети на внукот Лука, на кого на петгодишна возраст му бил дијагностициран аутизам. Тој сега има 16 години, а легендарната пејачка, за негово добро, но и за самата таа да пронајде мир, се преселила надвор од Белград и живее во рурален дел од Србија.

„Веќе е големо момче. Сместен е во дом во близина на Петровац на Млава, во Стамница, каде што го чува одличен, но, за жал, мал тим. Мојот внук полека, тука и таму, веќе зборува. Убаво е да се гледа како растат децата. Многу сум им благодарна на моите ќерки што родија деца. Велам, Бог да дадеше уште деца, да бидам опкружена со тие прекрасни, чисти млади душички. Оние очиња кога ќе ве погледнат, кога ќе ви постават некое прашање. Половина од она што го зборува не го разбирам, но мојата ќерка преведува, бидејќи таа веќе се сродила со тоа. Тоа се најубавите моменти во животот“, рекла Маја во интервјуто за српски „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот