ФОТО | Порно-ѕвездата по која воздивнуваа мажите се венча со жена

Поранешната порно-ѕвезда Џена Џејмисон се венча по третпат – но првпат со жена.
Џејмисон (49) објави дека стапила во брак со својата девојка, 40-годишната Џеси Лолес, минатиот месец во Лас Вегас.
View this post on Instagram
Џејмисон рече дека „конечно ја прнашла личноста со која, всушност, секогаш требало да биде“.
Џена, по која воздивнуваа мажите ширум светот, во 2004 година рече дека е бисексуалка, а во едно интервју во 2008 година изјави дека е „100 отсто хетеро“. Сепак, во нејзиното последно интервју за магазинот „Пипл“, таа рече дека се прашува зошто воопшто некогаш излегувала и се мажела за мажи.
„Мислам дека е малку себично да се каже, но сакав деца“, изјавила Џејмисон, која има три деца. „А сега, кога конечно се пронајдов себеси, го прифаќам сето она што го чувствувам длабоко во себе и повеќе не го потиснувам“.
View this post on Instagram
Двете жени се запознале откако Џејмисон почнал да ја следи на Тик-ток и да ги коментира нејзините видеа. Џеси, фризерка и инфлуенсерка, на почетокот не ја препознала познатата порно-актерка.
„Не знаев која е. И тогаш луѓето ми рекоа дека тоа е Џена Џејмисон“, изјавила Џеси.
Венчавката се одржала на 23 мај пред само неколку гости во Лас Вегас, а Џена и Џеси планираат поголема венчавка малку подоцна.
Џејмисон рекла дека планира да го земе презимето на својата сопруга и веќе се нарекува себеси „девојката на Џес“ на својот профил на Инстаграм.