ФОТО | Поранешниот секс-симбол го крие лицето од папараците: Актерката се уништи со пластичните операции

Фото: RMBI BACKGRID Backgrid USA Profimedia

Актерката Хедер Локлир (61) порано беше позната како секс-симбол, а во последните години најголемо внимание привлекува со својата тажна појава, поради што се крие од јавноста.

хедер локлир „мелроуз плејс“
Фото Профимедиа

Откако се дозна дека побарала психијатриска помош поради проблемот со алкохолот, папараците ја уловија на ретко излегување.

Некогаш најубавата русокоса во Холивуд, целосно се уништи со турбулентниот начин на живот, зависности и пластични операции, за што сведочи и нејзиниот сегашен изглед, а извесно време се обидуваше да се сокрие од јавноста.

Откако пред извесен период беше снимена како зборува сама со себе, некогаш славната холивудска ѕвезда Хедер Локлир ја изненади јавноста со изгледот на своето лице.

Фото: RMBI BACKGRID Backgrid USA Profimedia

Папараците ја снимиле како излегува од зграда во Калабасас облечена во црно издание и носи чанта од „Луј Витон“ која чини 2.544 долари, а кога ги видела се обидела со раката да го сокрие своето отечено лице.

Ѕвездата на „Династија“ и „Мелроуз плејс“ со години се бори со зависноста. Хедер доживеа нервен слом и беше уапсена во 2018 година кога го претепа своето момче и нападна тројца полицајци, по што завршила во психијатриска болница.

Фото: RMBI BACKGRID Backgrid USA Profimedia

Истата година заврши во болница по наводно предозирање, а пред четири години во алкохолизирана состојба го уништи својот автомобил порше и беше осудена за девет прекршоци и испратена на рехабилитација.

Хедер Локлир
Фото: Coleman-Rayner / Coleman-Rayner / Profimedia

Да потсетиме, актерката на крајот на јуни беше фотографирана на улица во Лос Анџелес како седи на тротоар со разбушавена коса и збунет израз на лицето, а неколку дена подоцна беше фотографирана на улица во Малибу како седи на скали, чита од хартија и зборува сама со себе.

Некогашниот секс-симбол е во проблеми: Изгледа изгубено и зборува сама со себе на улица

Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ се тргна од наркотиците и се вери на 58 години: Доказ дека никогаш не е доцна и дека сè се може!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот