Некогашниот секс-симбол е во проблеми: Изгледа изгубено и зборува сама со себе на улица

Хедер Локлир - некогаш и сега / Фото: Profimedia

Американската актерка Хедер Локлир (61), која во осумдесеттите години на минатиот век важеше за една од најубавите жени во Холивуд, минатата недела ја загрижи јавноста со нејзиното „чудно и отсутно“ однесување во Малибу, Калифорнија.

Телевизиската ѕвезда, чии проблеми со менталното здравје и зависностите ѝ се познати на јавноста, била фотографирана како „отсутно“ седи на тротоар и чека превоз. Како што објавија американските медиуми, таа чекала повеќе од половина час додека нејзиниот партнер Крис Хајсер не дошол да ја земе.

Фото: Coleman-Rayner / Coleman-Rayner / Profimedia

Сега таа повторно била забележана како зборува сама со себе и како оди држејќи се за ѕид за да не падне. Како што објави „Дејли мејл“, пред да излезе од зградата, Локлир била на работен состанок кој траел околу еден час. Потоа седнала на скалите, почнала да чита нешто од тетратка и да зборува на глас.

Нејзините пријатели, кои се загрижени за неа, велат дека Локлир повторно почнала да пие алкохол, по бројните обиди да ја надмине оваа зависност. Во 2019 година, списанието „Пипл“ објави дека актерката била на рехабилитација над 20 пати.

Како потсетување, Локлир беше во брак со музичарот Томи Ли, од 1986 до 1993 година, но и со гитаристот Ричи Самбора, од 1994 до 2007 година, со кој ја има ќерката Ава (25).

Ричи Самбора и Хидер Локлир на премиерата на филмот „The Perfect Man“ во 2005 година / Фото: Everett Collection / Everett / Profimedia

Проблематичната актерка се вери со Крис Хајсер во 2020 година, по тригодишна врска. Првично, тие се состанувале за време на средношколските години, по што се разделиле, а во 2017 година ја обновиле врската.

Хидер Локлир со Крис Хајсер / Фото: Coleman-Rayner / Coleman-Rayner / Profimedia

Покрај проблемите со менталното здравје и зависностите, актерката беше уапсена за семејно насилство и напад на полицаец во 2018 година. Неколку месеци подоцна, актерката беше уапсена уште еднаш, повторно за семејно насилство.

Локлир е најпозната по своите улоги во сериите „Melrose Place“, „Dynasty“, „TJ Hooker“ и „Spin City“.

Хидер Локлир во 1982 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот