ФОТО: Полициски џип се преврте во Јурумлери

Фото: Сител

Полициско возило денеска учествувало во сообраќајка во скопското село Јурумлери, по што излетало од патот и се превртело во канал, објави Сител.

Фото: Сител

До несреќата, според првичните информации на телевизијата, дошло откако автомобил, претекнувајќи, му го пресекол патот на полицискиот џип, по што дошло до судир.

Фото: Сител

Според досегашните информации, во сообраќајката нема тешко повредени, а полицијата за подоцна најави повеќе детали.

Видео на денот