ФОТО | Погледнете ја куќата на Шрек во Шкотска: Можете да престојувате бесплатно, но има еден услов
Ноќта на вештерките е еден од омилените празници на многумина во Америка, а сè повеќе се одбележува и во Европа. Љубителите на забавите со маски се подготвени да потрошат многу пари и да вложат многу труд, за да си поминат убаво таа ноќ.
Препорачано
Сега сите заинтересирани можат да приредат луда забава по повод овој празник, во куќата покрај мочуриште на познатиот цртан лик Шрек, која се наоѓа во шкотските висорамнини.

Куќата ќе биде достапна за изнајмување преку „Ербиенби“, ексклузивно за викендот од 27 до 29 октомври, непосредно пред Ноќта на вештерките, пишува „Индепендент“.
Во описот на куќата, Магарето, сопатник во авантурите на Шрек вели: „Воодушевен сум што можам да ве поканам во ова бајковито сместување“.

„Куќата на Шрек е прекрасна. Едноставно убава. Совршено место за забавување на гостите. Знаеш ли што најмногу сакам кај неа? Обрасната околина, скромните ентериери, големите камења, сè… Едвај чекам гостите да го доживеат ова калливо парче рај“, стои во описот во кој Магарето ги поканува туристите.
Куќата во Шкотска е детална реконструкција на саканиот дом на огарот Шрек, од истоимената анимирана филмска франшиза за зеленото чудовиште со меко срце. Сместено е во затскриено место, а гостите можат да уживаат во прошетки во иглолисни шуми, излети, мирот и тишината во самотија далеку од градот или да направат луда забава која никому нема да му пречи.

На влезот има задолжителни знаци „Опасност“, „Не приоѓај“, „Пазете се од огар“, а тоалетот, мијалникот и тушот се одвоени од куќата, скриени на 20 метри во шумата.
Туристите ќе можат да обезбедат бесплатно сместување во куќата на Шрек, но само доколку успеат да направат резервација на 13 октомври.

Инаку, куќата се наоѓа на огромниот, живописен имот, каде се снимени бројни филмови и серии. Во соработка со „Ербиенби“, заработката од тој викенд ќе биде донирана на фондација, која ќе им овозможи на непривилегираните деца да ги имаат своите празници од соништата.

Најважните барања за потенцијалните гости се, да имаат активен профил на „Ербиенби“, важечка лична карта и да имаат најмалку пет години.


