ФОТО | Почна Детската Евровизија, гласајте за Тамара: Младата пејачка се огласи пред самиот почеток и порача…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Тамара Грујеска

Почна финалето на Детската Евровизија коешто во моментов се одржува во Ница, Франција. Младата и талентирана Тамара Грујеска ја преставува Македонија на 21. издание на овој престижен музички натпревар за деца и тинејџери.

Сите наши надежи и искрени желби оваа година на Детската Евровизија ги насочуваме кон Тамара, која е наша претставничка со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

Непосредно пред почнувањето на Детскиот Евросонг и пред својот настап, Тамара се огласи на својот профил на Инстаграм:

„Bonjour Europe!

Skopje calling

Оваа прилика сакам да ја искористам за да ви се заблагодарам за беспрекорната поддршка која ми ја дадовте изминативе пет месеци!

Воедно, сакам да се заблагодарам на Македонската радио-телевизија што ми ја даде оваа можност да ја претставувам Македонија на овогодинешниот Јуниорски Евросонг!

Задоволството и честа се мои да бидам македонски претставник и гордо да ги претставам боите на нашата Македонија!

Вам ви преостанува да го проследите преносот во живо со почеток во 16 часот на МРТ 1 и секако да гласате за Македонија на www.jesc.tv

Ве сакам!“

Фото Принтскрин Инстаграм Тамара Грујеска

Без разлика каде и да сте во светот, можете да гласате на официјалната страница на Детската Евровизија.

Директниот пренос на Детскиот Евросонг можете во моментов да го гледате на МРТ1, а можете да го следите и онлајн на следниот линк.

Зад авторскиот тим на песната „Кажи ми, кажи ми кој“ стојат Роберт Билбилов и Дарко Димитров, кои се композитори на песната, а текстот е на Коста Петров и Билбилов. Гоце Димовски свири кавал, а Билбилов виолина. Режисер на спотот е Огнен Шапковски.

Инаку, пред неколку месеци Тамара гостуваше во „Утрински печат“ на „Слободна ТВ“ заедно со Дијана Гогова-Атанасовашеф на евровизиската делегација за Детската Евровизија. Со Тамара зборувавме за нејзиниот талент, љубовта и посветеноста кон музиката, како и за претстојните подготовки.

Во таа пригода, младата пејачка изјави дека е пресреќна што ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, а нејзините планови за престојот во Ница, е пред сè убаво да си помине и да не претстави во најдобро светло.

ВИДЕО | Тамара Грујеска: Пресреќна сум што ќе ја претставувам Македонија на Евровизија

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

ВИДЕО | Импресивен вокал: Погледнете ја првата проба на Тамара Грујеска на детската Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот