Џорџ Клуни и неговата сестра Аделија Ада Зајдлер - Фото: Икс

ФОТО | По тешка борба со ракот, почина сестрата на Џорџ Клуни: „Ада беше мојата хероина“

Аделија Ада Зајдлер (65), постарата сестра на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (64), починала во петокот, на 19 декември, по тешка борба со ракот. Тажната вест ја потврдил самиот актер, опишувајќи ја својата сестра како хероина која со болеста се соочила на неверојатно храбар начин и со доза на хумор.

Трогателна посвета од братот

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал се длабоко погодени од загубата. Во ексклузивна изјава за списанието „Пипл“ актерот ѝ оддаде почит на силата на својата сестра.

„Мојата сестра Ада беше мојата хероина. Со ракот се соочи со храброст и хумор. Никогаш не сум запознал некој толку храбар“, изјавил Клуни.

Иако биле многу блиски, Ада ја почитувала приватноста на својот славен брат и ретко го коментирала неговиот личен живот. Себеси се опишувала како спротивност од него – посветена на семејството, стабилната работа и заедницата, но двајцата напорно работеле.

Според некрологот, Ада починала мирно, опкружена со своите најблиски. Зад себе ги оставила децата Ник Зајдлер и Алисон Зајдлер Херолаг, братот Џорџ и неговата сопруга Амал, како и останатите членови на семејството кои тагуваат по неа.

Живот далеку од Холивуд

Родена на 2 мај 1960 година, Ада била нешто повеќе од една година постара од Џорџ. Нивни родители се новинарот Ник Клуни и писателката Нина Брус Ворен. За разлика од својот познат брат, Ада избрала мирен и повлечен живот, далеку од холивудскиот гламур.

Со години работела како наставничка по ликовно образование во основно училиште и својот живот го посветила на семејството и локалната заедница во Еџвуд, во сојузната држава Кентаки.

Таа се омажила за пензионираниот воен капетан Норман Зајдлер во 1987 година. Норман починал од срцев удар во 2004 година, по што Ада сама ги одгледувала нивните деца. И покрај светската слава на Џорџ Клуни, таа ретко се појавувала во јавност и ја ценела својата приватност, живеејќи скромен и приземен живот во мал град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот