ФОТО | По скандалозниот развод од актерот, поранешната сопруга на Кевин Костнер повторно се омажи
Кристин Баумгартнер, поранешната сопруга на Кевин Костнер, ја официјализираше својата врска со милионерот и инвеститор Џошуа Конор минатиот викенд. Церемонијата се одржа на приватен ранч во Санта Барбара, во срцето на Калифорнија, каде што невестата го поминала детството.
Препорачано
Еден од гостите ексклузивно за „Пипл“ ги откри деталите од самата церемонија. А, како што вели тој, атмосферата била семејна и исполнета со топлина.
„Амбиентот беше прекрасен, но она што навистина го одбележа денот беше интимноста. Не беше голема организација. Сè беше искрено, емотивно и целосно во нивниот дух. Секој имаше чувство дека е сведок на нешто многу вредно. А, за време на самата церемонија? Немаше такви што не заплакаа“, рекол изворот.
„Пипл“ направи и ексклузивни фотографии од свадбата, па имаме можност да видиме како изгледала невестата.
View this post on Instagram
За церемонијата, Кристин носела прекрасна, уникатна венчаница од израелската дизајнерка Мира Звилингер, украсена со рачно врзани цвеќиња и деколте во облик на срце.
Стајлингот го комплетирала со брановидна фризура што ѝ паѓала по грбот, а кога станува збор за шминка, се одлучила за светли нијанси на кафеава боја што ги истакнувале нејзините природни црти на лицето.
Инаку, свадбата се случи помалку од две години откако Кристин го финализираше разводот од Кевин Костнер, со кого дели три деца. Тие беа во брак 18 години. Џошуа има три деца од претходен брак.


