ФОТО | По повод јубилејниот роденден, принцезата Мери од Данска блесна во сино

Принцезата Мери од Данска/Инстаграм
Принцезата Мери од Данска/Инстаграм

Принцезата на Данска, Мери на петти февруари ќе го прослави својот јубилеен 50ти роденден.

По тој повод, на официјалниот инстаграм профил на кралството, беа поставени серија фотографии на кои принцезата позира сама, но и со сопругот Фредерик, престолонаследникот на Данска.

Убавицата која е позната по својот истенчен вкус и елегантен стил, за фотографиите по повод својот јубилеј избра свечено, формално издание и креација која буквално го одзема здивот. Taa ги „смрзна“ погледите на сите следбеници на инстаграм, со својот беспрекорен стајлинг.

Мери избра светлосин раскошен фустан, опточен со ситни светки, со долги ракави и појас на половината, а комбинацијата ја исполни со баснословно скап накит, јаркосина лента која е дел од церемонијалната облека и дискретна шминка.

Принцезата Мери од Данска/Инстаграм
Принцезата Мери од Данска/Инстаграм

Принцезата ја собра косата во гламурозна пунџа, а детаљ кој сите го забележаа беше преубавата тијара со сребрени и розеви детали, како и обетки и брош.

Мери неодамна во едно интервју изјави дека не се плаши од стареењето и дека фактот што ќе наполни 50 години не менува ништо, затоа што за неа возраста пружа нов поглед на нештата.

„Сега сум навистина смела и знам како да си пружам мир“

Кралски, нема што!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот