Орландо Блум, Кети Пери и Џастин Трудо - Фото: EPA

ФОТО | По гласините за романсата меѓу Кети Пери и Џастин Трудо, Орландо Блум реагираше на шегата дека бил виден со Ангела Меркел

Британскиот актер Орландо Блум реагираше на сатирична објава во која индиректно беа „прозвани“ неговата поранешна свршеница Кети Пери и нејзиниот нов партнер Џастин Трудо, пишува „Пипл“.

Сатиричниот сајт „The Onion“ сподели објава на Инстаграм насловена како „Орландо Блум забележан на вечера со Ангела Меркел“. Објавата е всушност хумористична реакција на тоа што Пери и Трудо неодамна беа видени на вечера.

Фото: Принтскрин/Икс

„Само неколку недели откако објави дека раскинал со својата свршеница Кети Пери, британскиот актер Орландо Блум беше фотографиран како вечера со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во петокот. Ангела го смееше Орландо цела ноќ, а тој не можеше да ги тргне очите од неа!“, напишаа тие повикувајќи се на измислен извор кој ги видел двајцата како пијат вино, грицкаат остриги и делат парче чоколадна торта во ресторанот со Мишелин ѕвездичка.

Блум објави неколку емотикони во кои се гледаат раце што плескаат во коментарот. За потсетување, тој и Пери раскинаа по речиси 10 години врска. Двајцата беа во лоши односи долго време, по што ја донесоа оваа одлука.

И покрај ова, тие неодамна беа забележани на одмор во Италија со Џеф Безос и Лорен Санчез. Таму беше и нивната ќерка Дејзи.

Иако се чинеше дека успеале да ја поправат врската заради нивната ќерка, Блум со овој потег докажа дека не му пречи што Пери се гледа со Трудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот