ФОТО: „Париз никогаш нема да биде Катар“, навивачите на ПСЖ против првиот човек на клубот

Насер Ал-Келаифи и Леонардо / фото: EPA-EFE/David Ramos

Елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите предизвика големо незадоволство кај навивачите на „светците“ кои им се нафрлија на челниците на екипата.

На натпреварот од Лига 1 против Бордо, навивачите на ПСЖ јасно ставија до знаење кого го сметаат за главен виновник за елиминацијата од ЛШ меѓу фудбалерите и секој секој контакт на топката на Лионел Меси и на Нејмар го пропратија со свирежи.

Навивачите денеска отидоа чекор понатаму и „удрија“ по претседателот Насер Ал-Келаифи и на спортскиот директор Леонардо.

Тие на влезовите на стадионот „Паркот на принцевите“ и на тренинг кампот напишаа пораки за Ал-Келаифи и на Леонардо: „Насер, Лео надвор“, „Париз никогаш нема да биде Катар“, „Париз тоа сме ние“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот