ФОТО | Паника на „Икс“: Профили што ја промовираат каузата на Трамп ја менуваат земјата на потекло откако испадна дека се од Македонија
Профили што ја промовираат каузата на Доналд Трамп на социјалната мрежа „Икс“, а вчера јасно ја прикажуваа Македонија како земја на потекло, денес имаат изменети податоци. Дел од нив се целосно заклучени, што го оневозможува прегледот на претходните објави. Други, пак, преку ноќ ја заменија ознаката „потекло од Македонија“ со „потекло од Источна Европа“ или од други земји.
Повеќе потврдени профили што се претставуваат како поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, а се од Македонија и од други делови од светот, преку ноќ почнаа да ги менуваат своите кориснички имиња, додека, пак, други ги бришат претходните податоци или целосно се заклучуваат, откако новата функција на социјалната мрежа „Икс“ овозможи да се открие нивното вистинско потекло.
Препорачано

Опцијата „Абаут дис акаунт“ (About this account), која стана достапна глобално оваа недела, прикажува од каде е корисничкиот профил, од кој регион се поврзува, колку пати е сменето корисничкото име и каков е неговиот верификациски статус.
Некои од профилите, кои не потекнуваат од Америка, се веќе целосно заклучени, што ја спречува јавноста да ги види претходните објави.
Таков е примерот со профил кој има над 120.000 следбеници и функционира како фан-акаунт за Доналд Трамп. Неговиот пристап е ограничен токму во периодот кога се појавија критики за потеклото на профилот од страна на разни акаунти на „Икс“.

Фан-профилот на Ерик Трамп, еден од синовите на американскиот претседател, наместо „Македонија“ сега прикажува потекло „Источна Европа“, а и потврдениот профил со вести за Барон Трамп веќе не се води како македонски, туку, исто така, како профил од „Источна Европа“.


Некои протестираат, други, пак, се шегуваат
Корисници на „Икс“ даваат примери со повеќе акаунти кои се од Македонија и од други делови на светот, посочувајќи ги спорното потекло на профилите и неетичноста изненадувачки локации за одредени профили.
Here’s multiple MAGA accounts from Macedonia. pic.twitter.com/D2XgbsRcJl
— Harry Sisson (@harryjsisson) November 22, 2025
Корисниците реагираат со мешавина од шеги, а можеби и со сериозни коментари: „Тој е најпопуларниот маж во Македонија“, „Таму може да биде претседател доживотно“, „Поголем и од Александар Македонски!“, „Да ја направиме Македонија повторно голема“ – се само дел од реакциите што се шират на социјалните мрежи.
Many people are saying Trump is huge in Macedonia. YUGE. 🇲🇰 pic.twitter.com/CSi899XqvR
— MM (@adgirlMM) November 23, 2025
Дали функцијата на „Икс“ создаде големи проблеми?
Дури и Никита Биер, директор за производи во компанијата на Илон Маск, призна дека функцијата е „во доработка“ и дека се вршат корекции на геолокациите. Но, токму тоа што профилите, коишто беа објавени како македонски, ја сменија прикажаната локација, се заклучија или се преименуваа, можеби е показател дека станува збор за координирани политички фан-акаунти што одбегнуваат да бидат поврзани со странско влијание во Америка.
Оваа опција на „Икс“, со дозволувањето на можност да се провери земјата на потекло на профилите, отвори сомнежи за можни координирани политички мрежи што сакаат да го сокријат своето вистинско потекло и влијание врз американската политика.
Останува нејасно дали брзата промена кај дел од МАГА профилите е резултат на корекција на „Икс“ или на реакција на самите администратори на профилите, кои сакаат да избегнат медиумско внимание.
Македонија веќе е позната по „велешката фабрика за лажни вести“
Корисници го спомнуваат и познатиот случај со велешаните кои одработуваа за кампањите на Трамп, тогаш познат како „фармата на лажни вест“.
За потсетување, група велешани, во екот на првата кампања на Трамп, креираа повеќе од 100 политички веб-страници, каде што се споделуваа лажни вести кои ја фаворизираа неговата политика. Луѓе од овој град, откако стана светски познат по производство на лажни вести, се обидоа пак да земат „дел од колачот“ кога пред неколку години повторно се обидоа да изградат мрежа на веб-страници со помош на кои шират лажни вести за американските претседателски избори.
„Фарми на тролови“ од Македонија дел од група која објавува најмногу лажни вести за Ковид-19
Група велешани и пред две години повторно мамеа и заработуваа на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, откри тогаш „Радио слободна Европа“.
Велешани повторно заработуваат на Трамп: Продаваат картички со ликот на поранешниот претседател


