ФОТО | Ова се најсексапилните турски актери по кои лудуваат сите: Одберете кој ја заслужува титулата

турски серии
Познати турски актери / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Турските серии веќе со години се дел од нашето секојдневие. Публиката се соживува со приказните и „лудува“ по турските заводници. Во продолжение дознајте кои 15 мажи важат за најзгодни и најпосакувани турски актери:

Толгахан Сајишман

Ѕвездата од серијата „Црниот бисер“ има 40 години и отсекогаш бил во топ форма, а со оглед на тоа дека во серијата „Шампион“ глумеше боксер и интензивно се подготвуваше за таа улога, навистина изгледа феноменално. Толгахан публиката го памети и од серијата „Забранета љубов“ во која ја играше главната улога, а интересно е и тоа што прва партнерка на овој турски актер и модел му била пејачката Емина Јаховиќ, која ја имаше својата прва улога тогаш во серијата „Поле на лалињата“.

Шукру Озилдиз

Актерот и модел Шукру Озилдис важи за голем заводник во својата татковина. Тој има 34 години, висок е 190 сантиметри и секогаш кога објавува фотографии на својот инстаграм-профил, обожавателите го опсипуваат со комплименти за неговиот изглед. На домашната публика ѝ е познат по улогата на (двајца) браќа во серијата „Повторно родени“ и во серијата „Завет“. Освен талентот за глума, Озилдиз има и интересен моден стил, поради што често е рангиран меѓу најдобро облечените мажи во Турција.

Екин Мерт Дајмаз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ekin Mert Daymaz (@ekinmertdaymaz)

Откако првпат се појави на телевизија во 2014 година, актерот и модел добива улога по улога и има огромна армија обожаватели. Покрај тоа што постојано работи на нови проекти, Екин студира кинезиологија во Истанбул. Доколку не се занимава со актерство, би сакал да стане тренер и фитнес експерт.

Џан Јаман

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Џан Јаман кого многумина го нарекуваат и „турскиот Џејсон Момоа“, е роден во Истанбул во 1989 година, а неговите корени се од Македонија и Косово. Важи за еден од најомилените турски актери во својата татковина, но и во светот. Згодниот Јаман моментално живее во Италија каде посветено гради кариера. Работи на повеќе проекти од кои еден е улога во римејкот на Сандокан во кој ќе ја толкува главната улога. Јаман по професија е правник и неколку години работел по струка. Медиумите пишуваа за неговиот љубовен живот кога го освои срцето на најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота, но таа врска не траеше долго.

Бурак Челик

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Çelik (@burakcelikofficial)

Публиката од нашето поднебје го памети Бурак од „Црната роза“, а тој моментално игра голем воин во историската серија „Осман“. Кога се појави во „Црната роза“ имаше само 22 години, синоокиот Бурак веднаш стана секс симбол. Се занимава со разни спортови и секогаш е во одлична форма.

Алп Навруз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alp Navruz (@alpnavruz)

Тој е еден од најплатените турски актери и манекенки, а кај нас се прослави со улогата во серијата „Ќерките на Фазилет“. Дипломирал турска литература и јазик, а од првото свое појавување на телевизија во 2016 година снимил седум серии и еден филм. Денес тој избира што сака да прави.

Берк Атан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berk Atan (@berkatan)

Берк Атан е прилично висок актер па не е чудно што овој триесетгодишник покрај глумата добива и бројни ангажмани како модел за престижни брендови. Со спорт се занимава уште како дете, како и целото негово семејство, а кариерата во фудбалот ја остави за глума и манекенство.

Чаглар Ертугрул

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caglar Ertugrul (@caglarertugrul)

Синоокиот Чаглар ги освои срцата на публиката со својата улога во серијата „Ќерките на Фазилет“. Симпатичниот и талентиран актер се одржува во топ форма со пливање и играње кошарка. Покрај актерството, тој е и машински инженер, а воодушеви и во серијата за турската тајна служба „Тескилат“ во која моментално глуми.

Дениз Кан Акташ

Овој 28-годишник зад себе има десетина успешни проекти, а најпознат е по улогата во серијата „Повикај го мојот агент“. Пред да зачекори во актерскиот свет, Акташ ги завршил студиите за бродоградба и машинско инженерство во Истанбул. Глуми и во театар, а последна улога му беше Ромео во „Ромео и Јулија“.

Енгин Акјурек

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Engin Akyürek (@enginakyurek)

Турскиот актер кој им е омилен на многумина кај нас, а е обожаван и во својата татковина глумеше во некои од најгледаните турски проекти како „Ќерката на амбасадорот“ и „Изгубена чест“. Тој има многу строг режим на вежбање и тоа се гледа и во неговата извајана фигура. Дипломирал историја, пишува книги и се повеќе се интересира за идејата да режира и пишува сценарија за серии.

Фуркан Андич

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Furkan Andıç (@furkandic8)

Нашите гледачи го паметат овој млад актер од почетокот на кариерата кога играше една од главните улоги во серијата „Ангели“. Андич често работи како модел. Се занимава со разни спортови, редовно вежба во теретана, но се занимава и со јога.

Ибрахим Челиккол

Љубител на сите спортови, од веслање до скијање, 40-годишниот актер е секогаш во топ форма. Тој е познат по улогите во сериите „Ифет“ и „Милост“. Челиккол редовно на социјалните мрежи ги покажува своите мускули, но и интензивната и напорна работа. Само на „Инстаграм“ го следат 2,3 милиони луѓе.

Керем Бурсин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

Моментално најголемата турска ѕвезда надвор од својата татковина. Мускулестиот, русокос актер е ѕвездата на летниот хит „Мирисот на љубовта“. Тој се занимава со разни спортови, вежба секој ден, има разработена програма за вежбање и посебен режим на исхрана.

Серкан Чајоглу

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serkan Cayoglu (@serkancayoglu)

Овој актер со неодолива насмевка и мускулесто тело им е познат на гледачите од бројни турски серии. Роден е во Германија, каде дипломирал економија. Сепак, тој со години работи и како модел, се појави во неколку спотови, а потоа реши целосно да се посвети на актерството.

Јигит Кирачи

Овој шармантен актер, вљубеник во водените спортови и релаксирање со музика, гледачите го запознаа пред неколку години со улогата на Мерт во серијата „Војна на розите“. Сега повторно се враќа на малите екрани во големиот хит „Измама“. Студиите за маркетинг ги завршил, но кога сфатил дека тоа не е за него, се запишал на курс по глума и првата улога ја добил на 30 години.

Извор: стил.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот