Отстранет Ќациленд Фото: printscreen/naxi.rs

ФОТО: Отстранет „Ќациленд“ во Белград, ги нема веќе шаторите со приврзаници на Вучиќ

Отстранети се шаторите пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Ќациленд“, каде со месеци кампуваа приврзаници на претседателот Александар Вучиќ, а таму се случија и низа насилни и криминални инциденти. Во пресрет на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Вучиќ синоќа беше пред Народното собрание и рече дека во следниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирскиот парк. Тој најави дека во следните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“ пред Народното собрание.

Вучиќ го претвора „Ќациленд“ во Божиќно село

Тој исто така рече дека се очекува сообраќајот пред Народното собрание да се нормализира.

Повеќе од половина година просторот пред Парламентот во Белград е окупиран од шатори. Кампот е познат кај јавноста под името „Ќациленд“. Тој прво беше во Пионерскиот парк и претставен е како израз на контрастудентите кои „само сакаат да учат“. Но, од самиот старт оние кои се собираа во него не беа само студенти.

Со текот на времето кампот се прошири и на платото пред Собранието како контрапротест на српските просветни работници и студенти кои една година протестираат поради трагичната смрт на 16 луѓе при падот на натстрешницата во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот