ФОТО | Оливија Вајлд целосно разголена во интервју за „Вог“ – Одржливоста е секси, слобода за „брадавицата“!

оливија вајлд
Фото: Принтскрин / Instagram

Има нешто особено привлечно во спонтаните и неретуширани фотографии на убавицата Оливија Вајлд, на кои се појавува релаксирано насмеана, разголена од половината нагоре во широки бели панталони, или опуштено уживајќи во долна облека додека се шета низ својот дом.

Актерката која е гласен поборец за природна убавина, љубов и грижа за себе и своето тело, и воведување на одржливоста во секојдневната употреба, пронајде начин да проговори за табуата и своите идеи во ексклузивно интервју за „Вог бјути“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde)

Вајлд ја прослави 5-годишнината на нејзиниот бренд за одржлива козметика „Вистинска ботаника“ со фотосесија каде таа се појавува целосно гола, топлес, или во долна облека, разголувајќи ја негуваната кожа на мајка која родила две деца и барајќи слобода за „брадавицата“.

„Сакав да привлечам внимание, одвнатре во индустријата на убавината, за славење на она што е распуштено, луксузно, уживање, и секси во чистата убавина. Не беше за да го критикувам начинот на кој функционираат конзументите.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by True Botanicals (@truebotanicals)

Фотографиите беа направени од Гај Ароч, и ѝ дозволија на Вајлд да покаже како сака биде видена – особено по раскинувањето на долгогодишната врска со вереникот Џејсон Судеикис и нејзината сегашна врска со пејачот Хари Стајлс, но пред сè како жена и мајка.

„Луѓето тежнеат да го поистоветуваат распуштањето со нешто непристојно. Ако е одговорно за околината, подобро за твоето здравје, тогаш не е распуштање“, раскажува актерката за тоа како треба да се реконструира клишето за одржливост во убавината.

true botanics
Фото: Принтскрин / Instagram

Интервјуто изобилува со опуштеност и отвореност во советувањето за грижата за себе, на ист начин како што фотосесијата изобилува со сензуалност и спонтаност при славење на женственоста и чувството на слобода во сопственото тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Beauty (@voguebeauty)

Оливија опширно и детално ги допира темите за грижа за себе, доловувајќи дека поентата е да се разбере дека може да се распушти човек со грижа за својата кожа и да се чувствува дека се „части“ себеси, затоа што тоа е добро и за околината.

„Кога станува збор за односот кој го имаме со нашите тела и како ги славиме, се сведуваме на тоа од многу различни перспективи и искуства. Јас сум некоја која родила две бебиња, во моите доцни 30-ти сум, и си го сакам моето тело сега повеќе од било кога. Уживам во можноста да се грижам за себе“, објаснува Вајлд.

Оливија го подржа движењето „#FreetheNipple“ за оттргнување на стигмата на разголени гради и доење на бебиња во јавност кога објави фотографија како таа го дои своето дете која ја возбуди интернет публиката.

„Ако имаме можности да го славиме своето сопствено тело, тоа има ефект. Има ефект на тоа како се третираме едни со други и како се третираме себеси. Мислам дека е смешно да го храниме стравот на ова општество од женските тела, тие да не би биле не би биле ни ние тука.“

 

Вајлд раскажува и како станувањето мајка ја освестило за производите за убавина и нивниот состав, бидејќи не сакала да употребува карциногени секојдневно на нејзината кожа. Започнала и да размислува подлабоко за иднината на нејзините деца и грижата за околината. Ќе направи производи кои се едноставни и чисти, затоа што како што вели „никој нема време за грижа за себеси со рутина во 12 чекори“.

Ќе рече дека највредното нешто во животот се времето и слободата да го поминеш онака како што сакаш и со луѓето со коишто сакаш, а тоа директно влијае на здравјето и чувството дека си среќен.

„Веројатно изминатата година започнав да вежбам повеќе отколку во последно време, веројатно затоа што се чувствувам подобро од било кога. Дали вежбањето ќе те направи посреќен? Дали треба да си среќен за да вежбаш? Незнам, но сум на многу добро место во мојот живот. И тоа се преведе во водење грижа за себе повеќе од било кога.“

Актерката, писател и режисер надополни и со уште корисни совети: пиење повеќе вода, активности, и повремено исклучување од социјалните мрежи се многу добри нешта кои може да се направат за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magic Stars 🇬🇧 (@magic__stars)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот