ФОТО | Олена Зеленска во отворено писмо: Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ

Олена Зеленска
Олена Зеленска, Фото: Инстаграм

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја напрадна Украина, првата дама на Украина, Олена Зеленска постојано го обраврува својот народ. Таа тоа го прави преку својот инстаграм-профил, а сега во отворено писмо испрати специјална порака до медиумите.

Олена Зеленска: Сведочам

„Последниов период, голем број медиуми од целиот свет се јавија со барања за интервјуа. Ова писмо служи како мој одговор на овие барања и е мое сведоштво од Украина. Она што се случи пред нешто повеќе од една недела беше тешко за верување. Нашата земја беше мирна, нашите градови, места и села беа полни со живот„, започна таа.

„На 24 февруари сите се разбудивме со руската инвазија. Тенковите ја преминаа украинската граница, авионите влегоа во нашиот воздушен простор, ракетните фрлачи ги опколија нашите градови. И покрај уверувањата од пропагандните медиуми поддржани од Кремљ кои ова го нарекуваат „специјална операција“, тоа е всушност, масовно убиство на украински цивили.

Загуба на детски животи

Загубата на детските животи е можеби најстрашната и најразорната што ја донесе оваа инвазија. Осумгодишната Алис која загинала на улиците на Охтирка додека нејзиниот дедо се обидувал да ја заштити. Или Полина од Киев, која загина во гранатирањето со нејзините родители. 14-годишниот Арсениј бил погоден од рушевина во главата, а спас немало бидејќи Брзата помош не можела навреме да стигне поради силните пожари. Кога Русија вели дека не води војна против цивили, прво ги именувам убиените деца.

Нашите жени и деца сега живеат во засолништа и подруми. Веројатно сите сте ги виделе овие слики од метро станиците во Киев и Харков, каде луѓето лежат на подот со своите деца и миленичиња – заробени. За некои тоа се само последици од војната, за Украинците сега е ужасна реалност. Во некои градови, семејствата не можат да го напуштат засолништето неколку дена поради неселективно и намерно бомбардирање и гранатирање на цивилната инфраструктура“.

Има деца што не сретнале мир

Првото новороденче во војната го виде бетонскиот таван од подрумот, нивниот прв здив беше остриот воздух на подземјето, а беа пречекани од заедница заробена и тероризирана. Во моментов има неколку десетици деца кои никогаш во животот не сретнале мир. Оваа војна се води против цивилното население. На некои луѓе им е потребна интензивна нега и континуиран третман, што сега не можат да го добијат. Колку е лесно да се инјектира инсулин во подрумот? Или да се примат лекови за астма под отворен оган? Да не зборуваме за илјадниците пациенти со рак чиј основен пристап кон хемотерапијата и зрачење сега е одложен на неодредено време.

Многу луѓе, вклучително и постарите, тешко болните и лицата со попреченост, се далеку од своите семејства и без никаква поддршка. Војната против овие невини луѓе е злосторство. Нашите патишта се преплавени со бегалци. Погледнете во очите на овие уморни жени и деца кои со себе ја носат болката од напуштањето на саканите и животот што го знаеле. Мажи кои леат солзи, но храбро одат да се борат за нашата слобода. Впрочем, и покрај целиот овој ужас, Украинците не се откажуваат. Агресорот Путин мислеше дека ќе започне Блицкриг за Украина. Но, тој ја потцени нашата земја, нашиот народ и патриотизмот.

Украина/Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

ФОТО | Чудото на Киев: Првата надеж од Украина, во засолниште се роди бебенце

Стоиме во незаменливо единство

Украинците, без разлика на политичките ставови, мајчиниот јазик, верувањата и националноста, стојат во незаменливо единство. Додека пропагандистите од Кремлин се фалеа дека Украинците ќе ги пречекаат со цвеќе како спасители, тие беа пречекани со молотови коктели.

Им благодарам на граѓаните од нападнатите градови кои се координираа да им помогнат на оние на кои им е потребно. Оние кои продолжуваат да работат – во аптеки, продавници, јавен превоз и социјални услуги – покажуваат дека животот победува во Украина. Им оддавам почит на оние кои обезбедија хуманитарна помош за нашите граѓани и им благодарам за континуираната поддршка. И на нашите соседи кои великодушно ги отворија своите граници за да обезбедат засолниште за нашите жени и деца, ви благодариме што ги чувавте кога агресорот нè спречи да го сториме тоа“.

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

ВИДЕО | Млада Украинка преку „ТикТок“ му помага на светот да ја види реалната слика: Ова е сечиј проблем!

Војната во Украина е војна во Европа

До сите луѓе ширум светот кои се собираат да ја поддржат Украина. Ве гледаме! Ние сме тука, ја гледаме и ја цениме вашата поддршка. Украина сака мир. Но, Украина ќе ги брани своите граници. Ќе го брани својот идентитет. Нема никогаш да ги издаде.

Во градовите каде гратинирањето продолжува, каде луѓето се под урнатините, со денови не можат да излезат од подрумот, потребни ни се безбедни коридори за хуманитарна помош и евакуација на цивили. Ни треба тие што имаат моќ да ни го затворат небото!

Затворете го небото и ќе водиме војна на земјата самите

Апелирам до вас, почитувани медиуми: продолжете да покажувате што се случува овде и покажете ја вистината. Во информациската војна што ја води Руската Федерација, секој доказ е клучен. И со ова писмо сведочам и му кажувам на светот: војната во Украина не е војна „некаде таму“. Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ. Украина ја запира силата која утре може агресивно да влезе во вашите градови под изговор дека ќе спасува цивили. Минатата недела за мене и за мојот народ ова ќе изгледаше како претерување, но тоа е реалноста во која живееме денес. И не знаеме колку долго ќе потрае тоа. Ако не го спречиме Путин, кој се заканува дека ќе започне нуклеарна војна, за никој од нас нема да има безбедно место во светот.

бегалци украина
Украина, Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Нуклеарна војна: Кое е совршеното засолниште на планетата?

Ние ќе победиме. Поради нашето единство. Единство кон љубовта за Украина. Слава на Украина!“

 

ФОТО | Оваа жена е најголемата поддршка на украинскиот претседател: Олена Зеленска, првата дама ги охрабри сите Украинци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот