ФОТО | „Облечена да убие“: Први фотографии со Лејди Гага како Харли Квин во „Joker“

По бројните шпекулации, сега е официјално – пејачката Лејди Гага го толкува ликот на Харли Квин во второто продолжение на филмот „Joker“, а се појавија и првите фотографии од снимањето. На фотографиите се откриени костимот и шминката, а ја прикажуваат сцената пред влезот на зградата на владата, додека демонстрантите носат натписи на кои пишува „Ослободи го Џокер“, „Правда за Џокер“, „Џокер ожени ме“ и „Нема правда, нема вина, нема шегување“. Меѓу толпата може да се видат неколку шарени перики и кловнови маски.
View this post on Instagram
Интензивно црвеното палто, блузата со дијамантски принт, шминката на кловн и романтичните пораки меѓу демонстрантите секако укажуваат на едно – костимот на Лејди Гага во „Joker: Folie à Deux“ ги покажува сензибилитетот на оригиналниот изглед на Харли Квин (од стрипот) и прилично острата естетика на првиот дел од филмот.
View this post on Instagram
За костимите е задолжена Аријана Филипс, костимографка која трипати била номинирана за Оскар во категоријата за најдобар костимограф.
View this post on Instagram
„Joke: Folie à Deux“ е долгоочекуваното продолжение на психолошкиот трилер во режија на Тод Филипс. Заедно со него, на сценариото за филмот работеше Скот Силвер – сценарист на филмот „8 Mile“ и „The Fighter“.
View this post on Instagram
Пред ликот на Харли Квин во „Joker 2“, Лејди Гага глумеше во филмовите „A Star Is Born“ и „House of Gucci“.
ВИДЕО | Лејди Гага „образ до образ“ со Хоакин Феникс во „Џокер 2“: Пејачката ги потврди гласините
По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари