ФОТО | Објавена ретка приказна од животот на Гоце Николовски, кој почина пред неполни 20 години
Ретка приказна и слика од животот на легендарниот Гоце Николовски се објавени на социјалните мрежи.
Препорачано
Фејсбук-страницата „ВБУ музички регистар“ објави слика од семејниот албум на Гоце Николовски, која била објавена во некогашната ревија „Екран“.
„Тоа се тие, сите заедно, Катерина, Весна со Сандро и Тања со Дадо“, пишува под оваа слика.
Инаку, во 2020 година, ќерката на Гоце Николовски потсети дека тој почина на 16 декември 2006 година.
„16 декември. Секоја година на тој ден пишувам колку ми недостасуваш. Тате“, напиша Катерина Николовска на Фејсбук, меѓу другото.
„За мене остануваш најголем. Македонец. И најдобар татко. 14 години недостасуваш, ТС“, напиша Катерина Николовска на Фејсбук во чест на нејзиниот татко тогаш.
Гоце Николовски е роден во Скопје во 1947 година. Тој беше еден од најголемите и најпознатите македонски пејачи на народна музика. Музичката кариера ја започнува на шеснаесетгодишна возраст во градот Ниш, каде што живеел.
Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува во 1990 година, кога на Фолк фест Валандово за првпат ја испеа легендарната македонска песна „Бисер балкански“, која ја освои првата награда на фестивалот, во конкуренција со повеќе пејачи од Југославија.
Низ текот на годините, Гоце Николовски ги испеа и хитовите: „Серенада“, „Приказна за Ангелина“, „Запејте сите ангели“, „Бисера“, „Песна од земја далечна“ и други.
На 16 декември 2006 година, соседството на Николовски слушнало истрел од пиштол околу 22 часот. Околу два часот по полноќ, во домот се вратил неговиот син Александар, кој го пронашол безживотното тело на татко му и повикал полиција. Кога извршил самоубиство, легендарниот пејач бил сам дома. Тој покрај пиштолот оставил порака до своето семејство – синот Сандро, ќерката Катерина и сопругата Весна. Семејството Николовски има потекло од Битолско.
Синот Сандро, исто како и татко му, се занимава со музика. На музичкиот фестивал „Охрид фест“ во 2012 година, тој настапи во вечерта на млади изведувачи со џез-баладата „Што е среќа“, со музика и аранжман на Александар Чекреџи и текст на Маја Павловска.
Ни ја подари безвременската „Бисер балкански“: Деветнаесет години без легендарниот Гоце Николовски


