ФОТО: Нови сателитски снимки покажуваат движење на руски конвој кон Харков
Последните сателитски снимки направени и анализирани од Максар Теџнолоџис покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков. Снимката на Максар е направена на 8 април во близина на градот Велки Бурлук, неколку десетици километри источно од Харков. Конвојот се движел кон југ, пишува Си Ен Ен.
Препорачано
Максар соопшти дека конвојот содржел оклопни возила, камиони, артилерија и дополнителна воена опрема.

Да потсетиме, по повлекувањето на руските сили од околината на Киев, се очекува дел од силите да бидат префрлени во источна Украина за да ги интензивираат руските напади таму. Не се знае точно каде оди овој конвој.

На почетокот на војната многу се зборуваше за десетици километри долгиот конвој кој од границата со Белорусија одеше кон Киев. Тогаш се претпоставуваше дека Русите се обидуваат да го опколат Киев, но до тоа не дојде. Тој конвој во еден момент исчезна, а не е јасно што точно се случи со него. Дел од конвојот е нападнат и уништен, а дел, како што тогаш се зборуваше, се одвоил.


