ФОТО: Нови фиданки – нова надеж за опожарените шуми во Пехчевско

Нови фиданки во Пехчевско, Фото: Марјан Митриновски/Фејсбук

Откако во катастрофалните шумски пожари во август изгореа речиси 10 илјади хектари шума во регионот на Пехчево и Берово, надежта дека природата ќе помогне во обновата на уништените шумски предели полека, но сигурно се враќа. Од сликите кои ги објави на својот Фејсбук профил планинарот и шумски полицаец Марјан Митриновски од денешната обиколка на опожарената шума во Пехчевско, може да се види дека дабовата шума, дури и онаму каде е навидум целосно пеплосана, само неколку месеци по уништувачката огнена стихија, на некои места почна да се обновува.

Нови фиданки во Пехчевско, Фото: Марјан Митриновски/Фејсбук

Митриновски за „Слободен Печат“ вели дека има ронка надеж и за дел од боровите насади кои беа заштитен знак на Малешевијата.

„И кај боровите ќе почне обновата, но во колкава мера, сѐ уште е рано да се каже“, вели тој.

Нови фиданки во Пехчевско, Фото: Марјан Митриновски/Фејсбук

Деновиве месното население врши сеча на изгорениот дрвен фонд во Пехчевско. Шумарските експерти по катастрофалните пожари во Пехчево и околината предупредија дека е неоходно расчистување на теренот од изгорената дрвна маса и друг изгорен отпад, за да се успее со планираните активности околу садење и обновување на шумскиот фонд во Малешевијата.

Нови фиданки во Пехчевско, Фото: Марјан Митриновски/Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот