ФОТО | Новата Мис Хрватска живее во Монако и има свој бренд, а цел ѝ е да ги мотивира младите жени да веруваат во себе
Ема Хелена Вичар синоќа беше прогласена за нова Мис Хрватска 2025.
Препорачано
Ема има 23 години, доаѓа од Загреб и е висока 176 см. Моментално живее во Монако, каде што е на магистерски студии по Менаџмент на луксузни брендови на Меѓународниот универзитет во Монако.

Таа е основачка на сопствен моден бренд кој комбинира одржливост, естетика и претприемништво.
Активна е во волонтерски и општествено одговорни проекти на претприемачки и волонтерски клубови.

Во минатото се занимавала со танцување и гимнастика, а денес практикува пилатес и тренира навивачки.
Нејзина цел е да ги мотивира младите жени да веруваат во себе, да инвестираат во знаење и да останат автентични без оглед на притисокот.

На инстаграм-профилот на Ема според објавените фотографии може да се забележи дека таа обожава да патува – има објавено фотографии од Монте Карло, Кан, Дубаи, Миконос и други дестинации.

На социјалните мрежи веќе има повеќе од 20.000 следбеници.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


