ФОТО | Новата девојка на Бред Пит во природно и скромно издание го придружуваше на премиерата на филмот „Волци“
Бред Пит и Џорџ Клуни по којзнае кој пат го одземаа здивот на сите присутни позирајќи на црвениот тепих на премиерата на филмот „Волци“ во Лос Анџелес. По машкото позирање, Бред доби и женско засилување, му се придружи и неговата девојка Инес де Рамон.
Препорачано
Од моментот кога се појавија заедно во 2022 година, Инес не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Поминаа прашањата за тоа која е таа, како успеа да го добие најпосакуваниот маж на светот, а со текот на времето стана јасно дека парот нашол заедничка нишка и ужива во врската.

Кога станува збор за изгледот на избраничката на Бред Пит, од самиот почеток доминира нејзината непретенциозност, како и желбата да изгледа што поприродно. Така, на премиерата таа се појави во невпечатлива, скромна модна комбинација, природни тонови на шминка и тесен фустан во боја на кожа, кој совршено ѝ прилегаше на нејзината фигура.
Инес се одлучи за минимален аксесоар во форма на ланче, со што во фокусот би била асиметричната креација на рамениците, истакнувајќи ја нејзината витка фигура.
Природноста и скромноста го придружуваат нејзиниот изглед и секако секогаш блискоста со партнерот Бред.



