ФОТО | Новак Ѓоковиќ како светски патник: За седум дена, посетил четири држави
Животот на Новак Ѓоковиќ е многу поинтензивен отколку што можеме да замислиме. Додека порано многумина сонувале да бидат барем еден ден како Здравко Чолиќ, сега сите би сакале да се најдат во чевлите на најдобриот тенисер на сите времиња. Овој пат Новак го имал својот одмор во максимално динамичен ритам, нешто што не е вообичаено за српскиот начин на одморање.
Препорачано
View this post on Instagram
Искористувајќи го секој момент, тој комбинирал јога во Доха, учење за Формула 1 директно од Ландо Норис, па дури и враќање во Атина. Во меѓувреме, го посетил и Копенхаген, каде објавувал повеќе инстаграм-приказни, нешто што за него не е карактеристично. Таму дури се капел во ладна вода, оставајќи ги фановите да гуглаат каде точно се наоѓа.
Поминувајќи меѓу Атина, Доха и Копенхаген, Новак успеал да отиде и еден ден во Милано.
Повеќето од најдобрите тенисери од понеделник ќе заминат за Австралија за да се аклиматизираат и евентуално да учествуваат на турнирите од серијата 250 пред Австралијан Опен на 18 јануари. За подготовките на Новак засега нема точни информации – дали ќе патува во потопли краеви како Доха или Дубаи, или пак Австралија, или ќе се фокусира само на подготвка без натпревар.
На патеката за големата трка во Катар се сликал пред стартниот број 24, а потоа и стартниот број 25 – јасна алузија на бројот на грен слем титули кои ги има и на оние на кои се стреми. И тоа го потврди во својата изјава:
„Правам кратка пауза и се обидувам да ја реконструирам мојата ‘машина’. Во последните 18 месеци се повредував почесто од порано, па сега се обидувам да го изградам телото за да започнам следната сезона на најдобар можен начин и да можам да го следам ритамот на најдобрите“, изјави Новак.


