Фото: Профимедиа

ФОТО | Нов скандал го тресе кралското семејство: Принцот Ендру се откажа од сите титули и почести

Британскиот принц Ендру се откажа од сите свои титули и почести, вклучувајќи ја и титулата војвода од Јорк. Оваа одлука доаѓа поради сè поголемиот притисок врз принцот, откако се појавија нови извештаи за неговата поврзаност со покојниот милијардер и педофил Џефри Епстајн.

Иако се повлекува од титулите, тој и натаму ќе остане принц, како втор син на покојната кралица Елизабета Втора. Неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, исто така повеќе нема да ја користи титулата војвотка од Јорк.

„Во разговор со кралот и моето најблиско и пошироко семејство, дојдовме до заклучок дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на кралот Чарла и на кралското семејство. Одлучив, како и секогаш, да ја ставам мојата должност кон семејството и државата на прво место. Останувам на ставот од пред пет години – да се повлечам од јавниот живот“, стои во соопштението на принцот Ендру.

Тој додава:

„Со согласност на Неговото Височество, сметаме дека е време да направам уште еден чекор. Затоа, повеќе нема да ги користам моите титули ниту почестите кои ми беа доделени. Како што и претходно кажав силно ги негирам обвинувањата против мене.“

Во последниот период, принцот Ендру беше обвинет и за наводна поврзаност со кинески шпиони, што дополнително ја влоши неговата позиција во јавноста и во кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот