ФОТО | Никола Роквиќ не мирува: Пејачот откри што прави по враќањето од Егина
Никола Роквиќ пред неколку дена се врати од Грција по едномесечниот аџилак и веќе се подготвува за нова авантура. Пејачoт пешачеше 30 дена до островот Егина, со цел да се помоли за здравјето на децата кои боледуваат од најтешките болести во храмот на Свети Нектариј.
Препорачано
Никола и неговата сопруга Бојана Роквиќ ја основаа и фондацијата „Семејство“ преку која во изминатиот месец собраа повеќе од 30 милиони динари.
Пејачот секојдневно објавуваше на социјалните мрежи како го поминува аџилакот, а во овој хуман подвиг имаше огромна поддршка од семејството. Секој би помислил дека по еден месец пешачење пејачот ќе одмара, но тој не губи време, туку напорно тренира и се подготвува за можеби следниот предизвик.
Тој на својот инстаграм-профил сподели фотографија од теретана и напиша: „Нова тура, нова авантура“.

Нема сомнеж дека пејачот веќе има план за нов предизвик, кој како и претходниот ќе има благородна цел.
За потсетување, сите пари што Роквиќ ги собра за време на аџилакот ќе бидат донирани на детските онколошки одделенија во Белград и Ниш.
ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ пешачи низ Струмица кон Грција: Струмичани му подарија ајвар и икона


