ФОТО | Непрепознатлива: Некогаш беше успешен модел, денес е бездомничка со „Ролекс“ на раката
Поранешната манекенка Лони Вилисон (42) беше фотографирана како шета сама низ Беверли Хилс во неделата. Како личност со понизок финансиски статус, многумина се изненадени што Вилсон носела часовник „Ролекс“ на зглобот. Покрај тоа, поранешната сопруга на Џереми Џексон, ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), исто така носела две торби со свои работи додека минувала низ една уличка, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Патем, падот на манекенката се случи откако го обвини својот поранешен сопруг за сите проблеми во нејзиниот живот. Некогаш беше успешна моделка која позираше за бројни познати списанија, но нејзиниот живот се распадна во текот на 2010-тите. Таа помина низ развод, ја изгуби работата, а на крајот и домот откако се соочи со проблеми со менталното здравје и зависност од метамфетамин.
Двојката се раздели во 2014 година, по помалку од две години брак. Вилисон тврдеше дека Џексон се обидел да ја задави за време на физичка расправија кога биле пијани. Полициската управа на Лос Анџелес потврди дека во август 2014 година, од домот на Вилисон и Џексон бил примен повик за семејно насилство. По инцидентот, таа наводно останала со две скршени ребра, повреда на вратот и гребнатини на лицето и телото. Сепак, случајот бил отфрлен откако Вилисон одлучил да не поднесува обвиненија.
Baywatch star Jeremy Jackson’s homeless ex-wife Loni Willison, 42, seen wearing Rolex watch in Beverly Hills https://t.co/LbIvgTQfBu
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) August 18, 2025
Таа првпат проговори против него во 2015 година, откако Џексон беше исфрлен од британскиот „ВИП Голем брат“ затоа што ги откри градите на цимерката Клои Гудман.
„Не го пријавив кога ме нападна затоа што се плашев. Бев во лоша емоционална состојба и не сакав Џереми да заврши во затвор. Но, по сè мислам дека требаше. Можеби тогаш можев да ја спречам Клои да помине низ тоа. Не сум изненадена што се случи. Знам каков е Џереми. Барем сега сите можат да видат што морав да претрпам“, изјави таа во 2021 година.
Таа беше фотографирана за првпат како бездомник во 2018 година, по години далеку од очите на јавноста. Потоа откри дека во 2016 година доживеала нервен слом и почнала да верува дека некој испраќа електрични импулси во нејзиното тело што можела да ги ублажи само со земање метамфетамин.
Џексон рекол дека му биле потребни две години за да ја надмине тагата од губењето на „љубовта на мојот живот“ што очајно се обидувал да ја спаси додека таа тонела
„Тоа што ја губев неа беше како смрт на некој што го сакаш и се обидов да ја вратам, но не можев. Жената во која бев заљубен ја нема, и која и да е сега ментално, тоа не е личноста што ја познавав“, рекол тогаш.


