ФОТО | Некои парадираа, други помагаа на бездомниците: Еве како славните го прославија Денот на благодарноста
Денот на благодарноста е еден од најзначајните празници во Америка, чија традиција потекнува од прославувањето на жетвата и искажувањето благодарност за изобилството. Иако со текот на времето ја изгубил својата религиозна основа, денес празникот има претежно световен карактер и претставува момент за семејни собири, заедништво и благодарност.
Препорачано
Во Канада се одбележува вториот понеделник од октомври, додека во САД се слави на четвртиот четврток од ноември.
Многу славни личности на своите инстаграм-профили објавија како го прославуваат овој посебен ден, а еве некои од нив:
Марта Стјуарт испекла 25 пити по повод Денот на благодарноста.
View this post on Instagram
Кајли Џенер на својот Инстаграм сподели фотографија од сестра ѝ Кендал на велосипед, нарекувајќи ја своја симпатија за Денот на благодарноста. На сликата, Кендал носи розова, пругаста маица, бели кратки пантолони и папучи.

Манекенката Џиџи Хадид им даде на обожавателите редок увид во својот живот со ќеркичката Каи, која ја одгледува со поранешниот партнер Зејн Малик. На Инстаграм објави фотографии од подготовките за големата гозба, а петгодишната Каи ја нарече „мамин помошник“.

Синтија Ериво се појави на парадата на Мејсис по повод Денот на благодарноста во Њујорк, облечена во есенска комбинација во топли бордо тонови и меки, слоевити материјали.

Тејлор Момсен, на многумина позната по улогата во серијата „Gossip Girl“, пристигна на парадата во пригодно издание со капа на Дедо Мраз.

Ден пред Денот на благодарноста, принцот Хари и војвотката Меган ги поведоа своите деца, Арчи и Лилибет, за да помогнат во подготовката и пакувањето оброци за оние кои имаат најголема потреба. Хуманитарниот настан беше организиран во соработка со нивната непрофитна организација, Фондацијата „Archewell“, и организацијата „Our Big Kitchen Los Angeles“, со цел поддршка на локалните училишта и засолништа.



