ФОТО | „Не може да ја спречите љубовта“: Како светот годинава го прослави Божиќ

Божиќна прослава Тајван/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Луѓето ширум светот денеска го слават Божиќ – еден од најсветите денови во христијанскиот календар. Но, втора година по ред овој празник се одбележува заедно со рестриктивните мерки против ширењето на ковид-19.

Остриот пораст на случаите со омикрон влијаеше на божиќните прослави, принудувајќи ги црквите да го откажат или намалат присуството на богослужбите, а владите на земјите да ги нарушат плановите за патувањата и семејните собири на луѓето.

Меѓутоа, народот уморен од речиси две години ограничувања побара начин како безбедно да уживаат во празничните ритуали.

Вака верници ширум светот го прославија Божиќ.

Германија

Во Германија, редот се протегаше на половина пат околу огромната катедрала во Келн, но не за миса, туку за вакцинација. Понудата на вакцини беше израз на „грижата за зближување“, што беше во согласност со пораката за Божиќ, изјави проректорот на катедралата Гвидо Асман.

YING TANG/NURPHOTO / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Тајпеј

Шарени светла и украси го направија овој пешачки мост во Тајпеј, Тајван, многу популарен меѓу локалното население и туристите кои се собраа да ја направат фотографијата.

Фото CENG SHOU YI/NURPHOTO / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIА

САД

Бројни цркви во Америка го откажаа личното присуство на богослужбите. Други организираа услуги на отворено, онлајн богослужба или намалено присуство.

По традиција стара речиси еден век, елката пред Рокфелер центарот во Њујорк по две години повторно блесна, со 50.000 светилки и ѕвезда од кристали Сваровски. Бројни туристи и оваа година го посетија празникот во Њујорк и една од водечките американски атракции.

Фото ERIK PENDZICH / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Италија

Во Рим, папата Францис без маска служеше миса на Бадник пред околу 2.000 луѓе во базиликата Свети Петар, каде што влезот беше ограничен, а верниците мораа да носат маски.

Иако бројот на верници беше далеку поголем од дозволените 200 минатата година, сепак само мал дел од вкупните 20.000 места беа исполнети.

Италијанците копнееја за Божиќ, радост и опуштена атмосфера, па полека се навикнаа да покажуваат ковид сертификати каде што ќе посакаат да седнат и да пијат кафе на пауза од шетањето по продавниците. Покрај редиците пред дуќаните, гужва имаше и пред аптеките, каде луѓето купуваа брзи тестови за да ги поминат празниците што е можно безгрижно.

Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Велика Британија

Во Британија, каде омикронот доминира, уште официјално не се воведени нови ограничувања. Поради тоа многу цркви ја откажаа мисата, но тоа не ги спречи верниците да уживаат во празничниот дух.

– Можеби моравме да ја откажеме услугата, но вие не можете да го откажете Божиќ. Не можете да ја запрете љубовта. Љубовта е се уште таму – изјави лондонскиот свештеник Ејприл Кич.

Фото YUI MOK / PA IMAGES / PROFIMEDIА

Азија

На другиот крај на светот, празниците се во сенка на природните катастрофи. Стотици илјади луѓе на Филипините, најголемата католичка нација во Азија, го дочекаа Бадник без покрив над главата, соодветна храна и вода по силниот тајфун Раи.

Артур Јап, гувернерот на тешко погодената провинција Бохол, каде што повеќе од 100 луѓе загинаа во тајфунот, побара од странските хуманитарни организации да помогнат и да обезбедат привремени засолништа и системи за филтрирање на вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот