ФОТО: Наместо за Македонија, Андреа Нисева донесе европска бронза за Бугарија во борење

фото: Андреа Нисева со бронзениот медал на ЕП У-15 во Капошвар, Унгарија

Една од македонските талентирани млади борачки Андреа Нисева оствари нов голем успех на меѓународната сцена.

Овојпат на Европското првенство У-15 кое се организираше во Капошвар, Унгарија, таа успеа да освои бронзен медал во категоријата 54 кг.

Нисева дојде до третото место во конкуренција од 21 натпреварувачка и нејзиниот учинок е три победи и еден пораз.

Во осминафиналето ја совлада Бегум Сезон Дикиџи со 12:7, потоа во четвртфиналето загуби со 4:1 од Миранде Капанадзе од Грузија. Во репасажот Нисева триумфираше со 7:0 против Полина Посохова (независни спортисти) и во борбата за бронзата ја совлада Јулија Гибалска од Полска 4:4 (VPO1 победа на поени).

Оваа бронза членот на Боречкиот клуб Олимпија од Штип не го освои за Македонија, туку за репрезентацијата на Бугарија, што не е првпат.

Боречката федерација на Македонија и натаму на борачите на БК Олимпија не им дозволува настап на државни натпревари. Дискриминирани, суспендирани по желба на федерацијата, како што информираа од клубот уште една пред една година. Им се одзема правото на младите и талентирани борачи да настапуваат под самата федерација, и наместо да ги бранат боите на Македонија, „принудени“ се да настапуваат за други држави.

Зошто се игнорира БК „Олимпија Штип“: Нисева наместо за Македонија, реди успеси во Бугарија!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот