ФОТО | „Највредното“ виски на светот на аукција: Се очекува да достигне цена од 1,2 милиони фунти

Фото: Профимедиа / Инстаграм

Шише виски од дестилеријата „Макалан“ ќе се појави на аукција следниот месец со проценета цена до 1,2 милиони фунти, соопшти аукциската куќа „Сотби“, а пренесува „Би-би-си“.

Се вели дека „Макалан 1926“ е познато како најбараното шкотско виски. Ова беше потврдено кога слично шише виски беше продадено во 2019 година за рекордни 1,5 милиони фунти.

Фото: Thomas Krych / Zuma Press / Profimedia

По последната продажба, ова ќе биде првпат шише од истото буре да биде понудено на аукција. Вискито било дестилирано во 1926 година во буриња од црешово дрво пред да биде точено во шише во 1986 година.

Биле произведени само 40 шишиња и тие, наводно, не биле достапни за купување – наместо тоа, некои од нив биле понудени на врвните клиенти на дестилеријата.

Фото: Instagram / BBC

Појавувањето на кое било од овие шишиња на аукција во текот на годините резултираше со извонредни резултати.

Вискито „Макалан Адами 1926“ сега ќе се најде на акуција во Лондон на 18 ноември, со проценка од 750.000 до 1,2 милиони фунти.

Фото: Instagram / BBC

Џони Фаул, глобален шеф на „Сотби“, вели дека  „Макалан 1926“ е единственото виски што секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува.

„Исклучително сум возбуден што ќе понудам шише виски на аукција на „Сотби“ за првпат откако го поставивме рекордот пред четири години“, вели Фаул.

Од аукциската куќа „Сотби“ велат дека 40-те шишиња од бурето од 1926 година биле етикетирани на различни начини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот