ФОТО | Најпровокативно издание досега: Поранешната премиерка на Финска објави слика во бикини

Фото: Инстаграм/Сана Марин

Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин предизвика бројни реакции во финските медиуми поради една од последните фотографии што ги објави на Инстаграм.

Политичарката, која од неодамна работи како консултант во Институтот „Тони Блер“, објави серија фотографии со натпис: „Случајни фотографии од неодамнешните патувања“.

Фото: Инстаграм/Сана Марин
Фото: Инстаграм/Сана Марин
Фото: Инстаграм/Сана Марин
Фото: Инстаграм/Сана Марин

На една од нив, таа позира во бикини.

„Сана објави фотографии од патување – во бикини на плажа“, „Поранешната премиерка објави храбра фотографија“, „Марин објави фотографија во бикини – леле каква убавица од плажа“, се само некои од насловите кои се појавија во медиумите поради оваа фотографија.

Фото: Инстаграм/Сана Марин

Потсетуваме, Сана Марин на почетокот на септември поднесе оставка од функцијата претседател на Социјалдемократската партија, со надеж дека ќе го оттргне вниманието од нејзиниот приватен живот, по четирите турбулентни години на чело на партијата.

Во 2014 година, 34-годишната Марин стана најмладата премиерка на светот, привлекувајќи го глобалното внимание и помагајќи да се зајакне имиџот на Финска.

Таа се појави на насловните страници на списанијата „Вог“ и „Тајм“, има милион следбеници на Инстаграм, а фановите ширум светот ја сметаат за прогесивен лидер.

Сана Марин се повлече и од местото претседател на партијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот