ФОТО | Најпосакуваниот турски актер покажа неверојатна трансформација: Oслабе 10 килограми за 30 дена

Фото: Instagram / canyaman

Џан Јаман, еден од најпопуларните турски актери, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која ја покажува својата неверојатна физичка трансформација.

Имено, овој актер, кој го нарекуваат и најпосакуваниот турски ерген, откри дека ослабел 10 килограми за 30 дена.

„Како ослабев 10 килограми за 30 дена? Откако го завршив снимањето на „Виолетово како море 2“, искористувајќи ги неколкуте слободни денови и Божиќ, решив да се вратам во мојот роден град за да можам да поминам малку време со моите родители, семејството и другите луѓе кои ми се блиски. Треба малку да се одморите и да се исклучите, но никогаш не претерувајте! Сакав да уживам и во турската кујна која многу ми недостигаше. Знаев дека кога ќе се вратам во Рим ќе имам тешка работа, радикална промена, да се подготвам за следниот лик: Сандокан! И така беше: штом се вратив, почнав… Првата цел беше да ја достигнам идеалната тежина за ликот , а потоа да се фокусирам на менталните аспекти. Тоа беше многу тежок период, за еден месец ослабев речиси 10 килограми, од 94,5 килограми на 85 килограми“, напиша Џан под објавата.

Фото: Instagram / canyaman

„Тоа беше, и е, особено интензивна фаза, се откажав од многу задоволства во животот. Морам да вежбам 2 или 3 пати на ден и да постам наизменично, одржувајќи ги калориите на ниско ниво. Сепак, нема причина за грижа. И покрај исцрпеноста, јас сум совршено здрав, подмладен, детоксифициран и лесен, но пред сè многу задоволен. Сè се случува под постојан надзор на сериозни и компетентни професионалци. На крајот на краиштата, тоа е она што актерите го прават: тие се трансформираат посветено кога е потребно и одвреме-навреме се обликуваат во нова улога. Накратко, ќе продолжам додека не дојдам до совршениот Сандокан. Сепак, признавам дека денес решив да се одморам од правилата и да јадам што сакам…Ве молам продолжете да ме поддржувате како и секогаш. Се гледаме наскоро“, напиша актерот.

Но, оваа промена воопшто не им се допадна на многумина негови следбеници, па своето незадоволство го искажаа во коментарите.

„Треба да ја вратиш килажата“; „Порано изгледаше подобро“; „Почни да јадеш“, „Изгледаш болно“; „Сега си помалку привлечен“, се само дел од коментарите.

Фото: Instagram / canyaman

Инаку, на публиката во регионот, Јаман е најпознат по серијата „Џан“ каде ја играше главната улога, но подоцна стана познат во светот, особено поради романсата со познатата спортска новинарка Дилета Леота. Сепак, нивната љубов не траеше долго и парот пријателски се раздели.

Според многумина, Џан е еден од најзгодните турски актери и го нарекуваат „турскиот Џејсон Момоа“. Актерот последните години живее во Италија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот