ФОТО: Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја освои титулата на турнирот во Сплит

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Денеска во финалето на турнирот во двојки во Сплит, Хрватска, Лина Ѓорческа заедно со Вероника Ерјавец дојдоа до титулата.

Во завршниот меч за трофејот македонско-словенечкиот пар со резултат 2:0 во сетови 6:1 и 6:4 триумфираше над Ника Радишиќ (Словенија) и Тара Вурт (Хрватска).

Претходно Ѓорческа и Ерјавец со 2:0 (6:2, 6:0) во осминафиналето славеа против Бородулина (Русија) и Кнез (Хрватска).

Потоа, во четвртфиналето ги елиминираа првите носителки Горгодзе (Грузија) и Ромеро Гормаз (Шпанија) со 5:7, 6:2, 12:10.

И на претпоследната пречка во полуфиналната фаза беше остварена победа над чешките тенисерки Бејлек и Хавлицкова со 5:7, 6:4, 10:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот