ФОТО | Награди од изборот на публиката 2024: Лени Кравиц, Тејлор Свифт, Џангкук, „Барби“ и „Вовед во анатомија“ се дел од наградените
Јавноста и обожавателите ги избраа најдобрите за оваа година во категориите филм, музика, телевизија, поп-култура и спорт.
Наградите од изборот на публиката 2024 година, чиј водител беше Симу Лиу, се одржа на 18 февруари во „Баркер Хангар“ во Санта Моника, Калифорнија.
Оваа година, бројот на категории се зголеми на дури 45. Филмот „Барби“ ја освои главната филмска награда, додека „Вовед во анатомија“ беше прогласена за серија на годината.
Меѓу другите големи победници беа Тејлор Свифт, Џангкук, Тревис Келси, Ајс Спајс, Бијонсе, Џенифер Анистон, Педро Паскал и многу други.
Актерот Адам Сендлер ја доби наградата „Икона на публиката“, а Лени Кравиц ја доби наградата „Музичка икона“.
Целата листа на добитници на наградите може да ја погледнете ТУКА.