Фото: Facebook / Croatia Records

ФОТО | На прием кај кралот Чарлс: Милчо Манчевски му препорача да го гледа „Пред дождот“, Влатко Стефановски му го подари својот најнов албум

На приемот за учесниците на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, нашите познати и почитувани творци, режисерот Милчо Манчевски и музичарот Влатко Стефановски се сретнаа и поздравија со кралот Чарлс Трети.

Тие беа дел од културната делегација на Македонија што присуствуваше на приемот во палатата „Сент Џејмс“. Меѓу останатите почитувани уметници од регионот, Стефановски имаше можност да се поздрави со британскиот монарх и да му го подари својот најнов албум „London Sessions“, кој е снимен во легендарното „Abbey Road Studio 3“ во Лондон.

На албумот се појавуваат синот на Стефановски, Јан Стефановски, на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас, а во процесот на снимањето учествуваа и Ед Фарел, Лиа Морис и Шон Меги.

На приемот беше присутен и Манчевски кој при средбата, ја искористи можноста да му препорача на кралот Чарлс да го гледа неговиот култен филм „Пред дождот“.

На свечениот прием, покрај политичките лидери од регионот, беше поканет и Раде Шербеџија, како и други истакнати личности од културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот