ФОТО | На 33 години го победил туморот, се оженил и има близначки: Животната приказна на Професорот од „Ла каса де папел“
Познатиот Професор, кој милионската публика го запозна во шпанската хит-серија „Ла каса де папел“ (La Casa de Papel) го глуми Алваро Морте за чиј приватен живот се знае мошне малку.
View this post on Instagram
Оваа улога на Алваро му донесе огромна популарност, а пред неа глумел во бројни помалку познати шпански серии.
Во споменатото остварување тој е вљубен во Лисабон, која ја глуми Итзиар Итуно, а во реалниот живот има емотивна партнерка. Имено, тој долго е во брак со стилистката Бланка Клементе со која ги има близначките Леона и Јулија.
View this post on Instagram
Она што многумина не го знаат е дека на 33 година го оперирал туморот на левото бедро и дека по операцијата поминувал низ тешка терапија, додека не се опоравил.
View this post on Instagram
– На почетокот мислев дека ќе умрам, дека ногата ми е исечена, но тоа не се случи. Тогаш помислив, ако умрем во рок од три месеци, дали можам тоа да го направам мирно? Ддали сум ги почитувал луѓето околу себе кои ме сакаат? Дали сум им бил верен на своите принципи? – рекол Алваро во едно интервју, пренесува „Indianexpress.com“.