ФОТО | Мокасините на Јелена Ѓоковиќ чинат 1000 долари: Совршено стилизирана за „Вимблдон“

новак јелена ѓоковиќ готвење
Фото: Instagram

Јелена Ѓоковиќ деновиве престојува во Лондон каде е во тек престижниот Грен – слем „Вимблдон“. Дали Новак ќе успее да ја одбрани титулата останува да видиме, но сигурно е дека неговата сопруга е сериозна конкурентка на познатите дами кои ги гледаме во ВИП-ложите, особено кога е модата во прашање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Модниот избор на Јелена на прв поглед можеби е едноставна, но импресивна модна комбинација, со која ги воодушеви своите следбеници на „Инстаграм“. Модниот избор на госпоѓа Ѓоковиќ е тесни бели панталони и маичка во иста боја со црвена јакна и мокасини од брендот Loro Piana, кои чинат околу илјада долари. Практично, елегантно, дискретно, во склад со турнирот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Но, она што ни падна во очи, покрај чевлите и чантата, беше фризурата на Јелена, која беше различна од вообичаено. Ситни кадрици кои совршено го надополнуваа нејзиниот спортско елегантен изглед, а притоа и одлична фризура за долгите топли денови. Меѓу бројните коментарите и пофалби за изгледот се истакна комплиментот Лили Бекер, поранешна сопруга на познатиот германски тенисер и пријател на Новак Борис Бекер: „Кадрици ти прилегаат убаво, мама!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот