Мишел Фајфер на Париската модна недела 2026 / Фото: Profimedia

ФОТО | Мишел Фајфер блесна на модната ревија на „Сен Лоран“ – на 68 години изгледа неверојатно

Актерките и познатите личности често добиваат комплименти дека „не стареат“ или дека „годините за нив не постојат“. Но, во случајот на Мишел Фајфер, тоа не звучи како обична фраза – актерката навистина изгледа речиси исто како и пред децении.

Денес, на 68 години, таа изгледа одлично и природно, без очигледни знаци на претерани естетски интервенции. Доколку нешто и направила, тоа е толку суптилно што речиси не се забележува.

Мишел Фајфер на Париската модна недела 2026 / Фото: Profimedia

Фајфер во вторникот се појави на модната ревија на модната куќа „Сен Лоран“ за сезоната есен/зима 2026–2027, која се одржа во рамки на Париската модна недела.

За оваа пригода таа избра елегантен, но опуштен црн костум со совршен крој, под чие сако се гледаше чипкаста кошула. Изгледот го надополни со маслинесто зелени високи потпетици, впечатливи нараквици, обетки и нејзината препознатлива распуштена фризура.

Мишел Фајфер на Париската модна недела 2026 / Фото: Profimedia

ФОТО| Мишел Фајфер минала низ тежок пат до славата: „Добивав отказ неколку пати“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот