ФОТО| Мишел Фајфер минала низ тежок пат до славата: „Добивав отказ неколку пати“
Иако кариерата на Мишел Фајфер можеби изгледа далеку од секојдневието на обичниот човек, таа покажа колку „обична„ и искрена со едно признание што ги изненади нејзините следбеници.
Препорачано
Актерката, која денес има 67 години, откри дека во текот на својата кариера неколку пати била отпуштена од работа, ова искрено признание нејзините следбеници го дочекаа како освежувачка и реална исповед со која можат да се поистоветат.
Оваа недела, на Инстаграм, таа сподели воодушевување од книгата на авторките Лорен Браун и Кристин О’Нил со наслов:
„Сите супер девојки добиваат отказ: Како да го прифатиш отказот и повторно да се издигнеш“.
На фотографијата со книгата во раце, Мишел носеше карирана кошула и руса перика, дел од снимањето на новата серија, како што откри во претходна објава.
Под фотографијата напиша:
„Бев отпуштена неколку пати и ми беше потребна ваква книга! Би сакала да ја имав порано. Овие две супер девојки напишале одлично четиво“.
View this post on Instagram
Следбениците брзо започнаа да коментираат и да ги споделуваат своите лични искуства со откази. Еден корисник напиша:
„Да, и мене ми се случи многу пати, затоа сега работам сам за себе.“
Друг додаде:
„И мене! Ми треба оваа книга. Благодарам што ја сподели!“
И покрај овие предизвици, кариерата на Мишел Фајфер сè уште е успешна во својата професија. Таа наскоро ќе се појави во новото продолжение на серијата „Yellowstone“, со наслов „The Madison“.
Филмот ќе се одвива во сегашноста, за разлика од претходните кои беа во „1883“ и „1923“ година. Во продолжението се раскажува приказната на едно семејство од Њујорк кое се преселува во долината на реката Медисон, во централна Монтана.
Серијата, ќе биде емотивна приказна за тагата и човечката поврзаност.


